Чест ни е да ве поканиме на 6-тата Недела на Медитеранскиот брег и макро-регионалните стратегии!
Традиционално, настанот има за цел да ја подигне свеста на јавноста за морињата и нивната околина, за природните и економски потенцијали на морињата и да ги истакне ризиците за морињата и нивната околина, како резултат на природни феномени и човечки активности. Неделата на Медитеранскиот брег и макро-регионалните стратегии ќе собере на едно место политичари, носители на одлуки, експерти, претстсавници од граѓанското општество и заинтересираната јавност од сите нивоа – локално, регионално, национално и меѓународно. Целта на овогодинешниот настан е да се подобри соработката помеѓу земјите – учеснички во Европска стратегија за Јадранското и Јонското Море (EUSAIR), како и да ги зајакне Макро-регионалните напори на ЕУ и соседните држави.
Во духот на вистинското европско партенрство, заеднички домаќини на Шестото издание на Недела на Медитеранскиот брег и макро-регионалните стратегии за прв пат ќе бидат Република Северна Македонија, која е најновата земја-учесничка во Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион и Република Словенија.
Поради сè уште загрижувачката Ковид-19 пандемија и со лојална поддршка на EUSAIR Facility Point, Шестото издание на Недела на Медитеранскиот брег и макро-регионалните стратегии 2021, се организира на 9-11 и 22-23 Ноември, како онлајн настан на нашата вообичаена EUSAIR платформа за засегнатите страни. И покрај се’, настаните во рамките на Неделата 2021 година ќе понудат простор за интервенции, дебати, вмрежување и размена на мислења.
Подетални информации за програмата и пријавувања за учество се достапни на следниот линк:
Искрено се надеваме дека ќе можете да се приклучите во нашите дискусии, имајќи во предвид дека без соработка нема соодветни решенија и нема заедничка иднина.