Центарот за едукација и развој (ЦЕД) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) и Програмата за животна средина на ОН (УНЕП) започна со активностите на терен од отворен карактер за имплементирање на јавната кампања за прогласување на Шар Планина за национален парк.
На првиот одржан настан од овој вид во месноста Те Душку (Te Dushku) во село Камењане поздравен говор имаше претседателот на ЦЕД, Метин Муареми кој ја презентираше целта на проектот и идните активности во кои побара максимална вклученост и поддршка од локалното население во целиот процес.
Потоа се презентираше промотивното видео „Шар Планина – иден национален парк” и на крајот низ неформален разговор локалното население имаше можност да постави прашања, искаже свои мислења и подетално се запознае со значењето и важноста на заштитата на подрачјето.