О Г Л А С ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЗВАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Врз основа на член 85-ѕ став (2 ) од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 192/15, 39/16, 99/18, 89/22), Министерството за животна средина и просторно планирање распишува

О Г Л А С ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ЗВАЊЕ ЕКСПЕРТ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

 1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагањена испит за стекнување звање – Експерт за стратегиска оцена на животната средина, треба да ги исполнува следните услови:

–          Да е државјанин на Република Северна Македонија;

–          Да има живеалиште во Република Северна Македонија;

–          Да има високо образование од соодветната област (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 240 кредити според европскиот кредит – трансфер систем (ЕКТС));

–          Со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сѐ додека траат последиците од забраната и

–          Да има најмалку 5 години работно искуство по дипломирањето во областа на заштитата на животната средина.

2. Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагање испит за стекнување звање – Експерт за стратегиска оцена на животната средина треба да ги достави следните документи:

–          Барање за полагање на стручен испит во кое јасно ќе бидат наведени генералиите на кандидатот (име и презиме, број на телефон, е-мејл);

–          Државјанство (оригинал или копија) – за докажување на државјанството;

–          Лична карта (копија на увид) – за докажување на живеалиштето;

–          Диплома од соодветната област (оригинал или копија заверена на нотар);

–          Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сѐ додека траат последиците од забраната;

–          Доказ за работно искуство по дипломирањето во областа;

–          Доказ за уплатени средства како надоместок за полагање на испитот за стекнување звање – Експерт за стратегиска оцена на животната средина – Уплатница ПП/50 на износ од 12.000 (дванаесет илјади) денари, уплатени на жиро сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање, сметка на буџетски корисник 1210115202631 10,цел на дознака: полагање на испит за ЕИА, приходна шифра и програма 718112 10.

3. Потребните документи се поднесуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, кат 2.

4. Крајниот рок за пријавување за полагање на испитот е 31 август 2023 година.

5. Првиот (теоретски) дел од испитот се закажува на 6 септември 2023 година (среда) со почеток од 12.00 до 14.00 часот во просториите на Испитниот центар на Европски Универзитет во Скопје

6. Вториот (практичен) дел од испитот се закажува на 25 септември 2023 (понеделник) година со почеток од 11.05 до 14.00 часот во просториите на Испитниот центар на Европски Универзитет во Скопје

7. Програмата за полагање на испитот, како и сите материјали може да ги најдете на веб страната на Министерството www.moepp.gov.mk.