На завршниот настан на проектот БиоОткритие 2023, заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска го потенцираше значењето на сите општествени чинители на национално и локално ниво, вклучувајќи го граѓанскиот сектор, во ревитализација и заштита на биолошката разновидност.
Taa ја посочи важноста на навремено преземање акции за заштита на биолошката и пределската разновидност, бидејќи во спротивно, неконтролираните човекови активности би ја нарушиле природната рамнотежа и може да бидат директна причина за многу несакани појави.
Проектот го спроведува општествено одговорната компанија за медиумска продукција, Volatile Media, во соработка со граѓанската организација Гоу Грин, и овозможи со активност на повеќе од 200 млади учесници од седум региони низ Северна Македонија, да се преземат првите чекори во амбициозниот план за зајакнување на истражувањето на биолошката разновидност со помош на граѓанската наука.