(13.09.2019 г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на свеченото отварање на 4та по ред Меѓународна Конференција за управување со отпад со наслов „Комуницираме за управување со отпад“, што се случи вчера вечер во црквата Света Софија во Охрид. Конференцијата е во организација на ‘Македонската асоцијација за управување со цврст отпад’ (MaSWA) и денес продолжува во Струга.
Целта на конференцијата е да покаже дека бизнис заедницата и државните органи, вклучувајки ги секако тука и невладиниот сектор и медиумите, се подготвени да комуницираат и соработуваат со една заедничка цел, а тоа е заштитата на животната средина.
На отварањето се обратија и претседателот на MaSWA Даниела Нелепа, евроамбасадорот Самуел Жбогар и претседателот на Меѓународната асоцијација за управување со цврст отпад Антонис Мавропулос.
Во пресрет на националната конференција министерот Нуредини учествуваше и во акцијата за чистење на Охрид и Охридското Езеро, која се организираше под покровителство на ‘ЕУ за ТЕБЕ’, а во присуство на евроамбасадорот Самуел Жбогар.