На 26-ти јули 2019 година министерот Нуредини оствари официјална средба со градоначалникот на Солун, Хеленска Република г-дин Јанис Бутарис.
Градоначалникот Бутарис истакна дека по потпишувањето на Договорот од Преспа, нашите две земји треба да покажат пример за соработка во заштитата на животната средина.
На средбата се дискутираше за европските програми за заштита на природата и животната средина, како и можностите за заеднички настап при аплицирање за воспоставување на едукативен центар за животна средина.
Министерот Нуредини изрази спремност и отвореност за соработка и истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање е на располагање со сите свои капацитети за продолжување и проширување на соработката со Хеленската Република во областа на животната средина.