(18.07.2019 година) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа средба со амбасадорот на Република Италија Н. Е. Карло Ромеро.
Министерот Нуредини изрази почит и благодарност за поддршката што Република Италија ја дава во евроинтегративните процеси на Република Северна Македонија, како и спремноста за соработка за долгорочни решенија во исполнување на ЕУ критериумите во областа на животната средина.
Амбасадорот Ромеро истакна дека Република Северна Македонија е на вистинскиот пат и поддршката од страна на Република Италија е во насока на реформи во легислативата и институциите кон патот на исполнување на стандардите и вредностите на ЕУ. Тоа е главната цел на преговарачкиот процес и придобивките би биле за следните генерации.
Во таа насока, беше актуелизирана темата за потпишување на Нацрт-Меморандум за разбирање за соработка во областа на ранливост на климатските промени, процена на ризик, адаптација и ублажување меѓу Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Северна македонија и Министерството за животна средина, земја и море на Република Италија.