На 15 август, 2019 година Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини одржа средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави Н. Е. Кејт Мари Брнз.
Средбата претставуваше исклучителна можност за размена на идеи и можности за подобрување на животната средина. Амбасадорката на САД ја презентираше можноста за соработка со научен експерт од Американската Агенција за заштита на животната средина од октомври оваа година. Исто така, потенцираше дека откако Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО Алијансата и на ЕУ, САД се спремни за следно ниво на партнерство и соработка.
Министерот Нуредини се заблагодари за поддршката и истакна дека имаме долг пат пред нас низ кој треба да одиме со вистински партнери, како што се Соединетите Американски Држави. Министерот Нуредини ја потенцираше важноста од транспареност и видливост на работата на Министерството за животна средина и просторно планирање, процес кој би пренел силна порака во заложбите за обезбедување на поздрава животна средина.