(26.04.2016) Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети оствари работна средба со амбасадорката на Франција во Македонија Н.Е. Лоренс Оер.
На оваа првична и протоколарна средба, се разговараше за досегашната добра соработка што ја има Министерството за животна средина и просторно планирање и Амбасадата на Франција во Македонија.
Во разговорите се посебно се нагласи добрата соработка во областа на климатските промени и во областа на третирањето на отпадните води, а се зборуваше и за можната идна соработка во областа на подигнувањето на јавната свест и зголемување на визибилноста на заедничкото работење, како и можност за реализација на поконкретни проекти во насока на унапредување на животната средина.