Денес, 03.02.2021 година, како дел од владината постапка за усвојување на двата документи – Трет двогодишен извештај за климатски промени и Национален утврден придонес Договорот од Париз поднесени од страна на МЖСПП, се одржа консултативен состанок со ЗПВРСМ Фатмир Битиќи, ресорните министри за животна средина, финансии и транспорт и врски Нуредини, Бесими, Бочварски, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Димковски, како и пртеставници на МАНУ и УНДП.
На состанокот, министерот Нуредини ја истакна важноста за усвојување на двата документи, придобивките од истите од аспект на животната средина, но и од аспект на зелениот развој на државата и проектираните зелени работни места, како и потребните идни политики во секторите опфатени со анализите за потенцијалот за намалување на климатските промени.
МЖСПП ги препознава овие два документи како клучни за напредокот на процесот на приближување на националните политики за климатски промени со политиките на ЕУ од ова област и исполнување на обврските кон Конвенцијата за климатски промени, остварувањето на целите на Договорот од Париз за климатски промени, Зелениот Договор на ЕУ како и обврските на земјата согласно Договорот за основање на Енергетската заедница, што позитивно ќе се рефлектира врз целокупната оцена на земјата за поглавјето 27 Животна средина и климатски промени и ќе придонесе за подобра подготвеност на земјата за почеток на преговорите со ЕУ во оваа област.
Одржан консултативен состанок за усвојување на два важни документа за климатските промени и зелениот развој на државата
февруари 03, 2021