2.02.2024 год. Врз основа на член 49 став (7) од Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 215/21), и Годишната програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 27/23 и 189/23) министерката за животна средина и просторно планирање донесе одлука за распоредување на средства по објавениот „Јавен конкурс за развој и имплементација на национална кампања за подигање на јавната свест и едукација на граѓаните и субјектите за постапување со посебните текови на отпад“, на правното лице Друштво за услуги „БД Група“ ДООЕЛ, Скопје.