(22.04.2016г.) Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, по повод одбележувањето на светскиот Ден на Планетата Земја 2016, кој годинава се реализира под мотото „Дрвја за планетата Земја“, се приклучија кон активностите организирани во основното училиште „Партениј Зографски“ во Скопје, кое е прво енегетско училиште во Македонија.
Во дворот на училишето, по засадувањето на дрвни садници, се одржаа три паралелни настани: предавање за климатските промени во Зелениот камион, интерактивна работилница за социјални иновации кои ги адресираат климатските предизвици и еколошка ликовна изложба на учениците од „Партениј Зографски“.
Активностите за садење се во склад со овогодинешната тема на светскиот Ден на Планетата Земја – Дрвја за планетата Земја, којa има за цел да мобилизира акции насекаде низ светот за засадување на приближно 8 милијарди дрвја до 2020 година – едно дрво за секој маж, жена и дете.
Настанот е организиран од УНДП и УСАИД, со подршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, Амбасадата на Шведска, Милеуконтакт Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.