Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска присуствувaше на 21-та седница на Собранието на Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија.
Во поздравното обраќање, Оџаклиеска ја истакна добрата соработка меѓу двете институции, особено во стандардизација на методите за анализа на отпадни и површински води, почва, бучава што ги применува Централната лабораторијата за животна средина.
– Министерството за животна средина и просторно плaнирање останува отворено за соработка и подготвени сме да го дадеме нашиот придонес во унапредувањето на оваа област и усвојување на стандардите кои се неоходни за нашата работа и кои ќе придонесат кон подобрување на состојбата со заштита на животната средина – истакна заменик министерката.
На оваа седница, воедно, беа одбележани 30 годишнината од стандардизацијата во Република Северна Македонија и 20 години од основањето на Институтот за стандардизација.