Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со новоназначената директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска. Со оглед дека е започната грејната сезона, а со тоа и вредности на параметрите за контрола на квалитетот на воздухот се повисоки, на средбата се дискутираше за правилна приретизација на изворите на загадување, за размена на потребната докуметација за поуспешни инспекциски контроли, и пред се за координација и зајакнување на инспекциските надзори во индустријата, но и на стационираните извори на загадување со помал капацитет.
Нуредини – Петровска: Засилена координација и инспекциски контроли на изворите на загадување
ноември 12, 2020