Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествува на пленарна сесија на високиот сегмент на 25-тата Конференција на Страните на УНФЦЦЦ, која од 2-13 декември 2019 година се одржува во Мадрид, Шпанија Во своето обраќање министерот Нуредини ја информираше меѓународната заедница за напредокот на Република Северна Македонија во правец на спроведувањето на Парискиот договор за клима.
„Владата на Република Северна Македонија останува целосно посветена на остварување на националните обврски согласно Договортот од Париз. Нашата заложба е да обезбедиме интеграција на енергетската и климатската политика, што е во директна врска со регулативите на ЕУ за интегрираното управување со енергија и клима”.
Понатаму министерот Нуредини потенцираше дека задача која ни претстои е понатамошна формална институционализација на процесот преку донесување на два многу важни документи кои моментално се во фаза на изработка, а тоа се Законот за климатска акција и Долгорочната стратегија за климатска акција.
На крај во своето излагање го потенцираше значењето на транспарентниот пристап, интеграцијата, собирањетона знаења и пред сè, амбицијата и се заложи максимална посветеност на борбата против климатските промени.
“Можеби сме мала земја, но планираме да направиме голема разлика” – истакна министерот Нуредини.
Целокупната конференција е дизајнирана за страните потписнички да се обидат да поттикнат дијалог за современи и одржливи заеднички решенија, за низа теми поврзани со негативното влијание од климатските промени.