На покана на Швајцарската интеркооперација Хелветас, министерката Шукова оствари работен состанок со Рупа Мукерји, директор на Одделот за советодавни услуги и член на управниот одбор на Хелветас, на кој се разговараше за можноста за организирање на регионална презентација на државите од Западен Балкан под лидерство на Република Северна Македонија на идната Конференција на страните на УНФЦЦЦ што треба да се одржи на предлог на Источно-европската група (каде припаѓа и нашата држава). Исто така, министерката Шукова беше информирана за новиот програмски пристап на Швајцарија во Северна Македонија на полето на адаптација на најранливите сектори кон климатските промени.