(14.08.2015) Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири заедно со министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми денес го посетија новото училиште во с. Синичане во општина Боговиње. Со цел да се направат последните проверки пред почетокот на новата учебна година. Од септември, околу 200 ученици од ова село наставата ќе ја следат во новата училишна зграда која комплетно е опремена со нов инвентар.
Новото училиште во с. Синичене подготвено за новата учебна година
август 14, 2015