На 17.12.2014 год. во организација на општина Кавадарци, Фени Индустри и Еколошкото друштво „Тисовец“ од село Возарци се одржа првиот општински еколошки квиз, на кој учествуваа ученици од петто оделение од 6 основни училишта од Кавадарци.Како резултат на однапред спроведените училишни натпревари, беа селектирани најдобрите, кои како училишна репрезентација учествуваа на завршниот квиз во салата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“. Најголеми знаења во екологијата покажа екипата на ОУ„Димката Алгелов-Габерот“ од Ваташа, а второпласирани беа учениците од ОУ„Тоде Хаџи-Тефов“, инаку во првиот круг од квизот се натпреваруваа сите шест екипи. По дваесетте задолжителни прашања, резултатот беше еднаков, сите екипи со максимален број бодови. Потоа следуваше натпревар со елиминација, најпрвин за пласман во полуфиналето на четири екипи, а потоа во финалето каде останаа две.
Натпреварувачите се бореа за вредни награди – таблет комјутери за членовите на победничката екипа и екскурзија за сите ученици од победничкото одделение. Квизот го следеа и заменик Министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, градоначалникот Александар Панов и извршниот директор на „Фени Индустри“ Никола Ризов. Инаку во салата на Домот на Културата каде се одржуваше Еко-квизот присуствуваа голем број ученици од сите основни училишта, претставници на образовни институции, раководители на секторот за образование.