(Најава) Настан за Инагурација на новиот национален парк Шар Планина

 

Почитувани, 

Ве информираме дека на 9. септември 2021 година (четврток) на ски центарот Попова Шапка ќе се организира настан по повод прогласување на Шар Планина за национален парк.

Ве покануваме да учествувате во свеченото одбележување на овој историски успех со Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, други министри, пратеници, дипломати, градоначалници, значајни гости од домашни и странски организации и институции, како и граѓанскиот сектор.

Официјалната програма ќе започне со обраќања во 12:00 часот на крајната станица пред жичарата – шестосед, а потоа ќе следи дегустација на локални традиционални производи, како и јавачки, велосипедски и планинарски тури.

Поради следење на Ковид протоколите, потребно е новинарските екипи да пристигнат на паркингот пред хотел Попова Шапка (https://goo.gl/maps/rdZGj3bEhWtBthkN8) во 11:00 часот, кога ќе започне нивното качување со жичарата до локацијата на главниот настан. Изјавите за медиуми се предвидени во 12:40 часот.