ЦРВЕНИ ЛИСТИ
Изработката на Црените листи преставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природаташто воедно преставува и законска обврска а исто така е една од приритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028.Дел од Црвените Листи на загрозени диви видови ќе бидат изработени во рамките на GEF/UNEP проектот: “Постигнување заштитата на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето” и ќе претставува значаен придонес на МЖСПП во зголемувањето на ефикасноста на заштитата и управувањето со компонентите на биодиверзитетот на национално ниво. Изготвените Национални Црвени листи по нивното донесување ќе имаат апликативна функција во секојдневната работа на Секторот за природа во Управата за животна средина, во рамките на спроведувањето на управните постапки за заштита, зачувување и одржливо упоравување со биодиверзитетот.
ЕКОСИСТЕМСКИ УСЛУГИ
Концептот на екосистемски услуги претставува релативно нов пристап во меѓународни рамки, заснован на нераскинливата врска помеѓу човекот и природата. Ко-системската услуга е значајна за економската валоризација (одредување економска вредност) на природните вредности во служба на управувањето на заштитените подрачја и на Натура 2000 подрачјата. Концептот на екосистемски услуги претставува корисна алатка за унапредување на обврските на државата во однос на одредбите од ратификуваните меѓународни документи (конвенции и договори) од областа на заштита на природата и исполнување на барањата и стандардите на ЕУ директивите за живеалишта и птици.
Нашата држава активно се приклучи во активностите за воспоставување и развој на концептот на екосистемски услуги. Законот за заштита на природата го обработува прашањето поврзано со екосистемските услуги.Во тек е спроведување на национално ниво на проектот: Програмата за зачувување на природата во Македонија фаза 2, која е дел од програмата на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) во Република Македонија. Програмата има цел да ѝ помогне на земјата во зачувување на нејзината исклучителна биолошка разновидност и природните екосистеми преку промовирање нивно одржливо управување и користење.
Во ПЗП, Фаза 2 особено внимание се посветува на концептот на екосистемски услуги, односно на спроведување на следните главните активности:
- Пренос на знаење и меѓународни практики за екосистемски услуги кон МЖСПП и другите заинтересирани страни.
- Анализа на состојбата на главните типови екосистеми во Македонија и нивниот потенцијал да обезбедат екосистемски услуги.
- Утврдување на важни екосистеми на национално ниво и мапирање на побарувачката за одредени екосистемски услуги.
- Методологија и прирачник за оцена и проценка на екосистемски услуги и примена на механизамот за плаќање на екосистемски услуги (ПЕУ).
- Тестирање на механизамот на ПЕУ на едно пилот подрачје.
Досега изработена е Брошура за екосистемски услуги и се работи на Долгорочен план за зајакнување на капацитетите на засегнати страни поврзани со екосистемски услуги и трансфер на знаења за екосистемски услуги. Извршена е класификација и картирање на екосистемите на национално ниво. Во тек се активностите за определување на состојбата на екоситемите, што ќе резултира со подготовка на карта за состојбата и статусот на екосистемите, а потоа ќе се реализираат останатите активности.