По усвојувањето на иницијативите на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за национален парк и Осоговските планини зазаштитено подрачје од категорија V – заштитен пределод страна на Владата на РСМ, и донесувањето на Одлуките за прифатливост на предлозите, Министерството бележи напредок во активностите согласно законската процедура.
„Вчера на виртуелна средба со засегнатите страни го означивме започнувањето на процесот на подготовка на Нацрт-план за управување со идниот национален парк Шар Планина, а денеска со задоволство информирам дека ја изработивме Нацрт Одлуката за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V заштитен предел и истата ја објавуваме за коментари од јавноста. По изборниот процес, планирани се и четири јавни расправи по овој акт, на кои засегнатите страни ќе имаат можност да го кажат своето мислење“ – информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Во однос на Предлог – законот за прогласување на Шар Планина за национален парк, министерот Нуредини информира:
„Актот за прогласување на Шар планина за заштитено подрачје е веќе во финална фаза, но бидејќи се работи за подрачје во категоријата II, национален парк кое се прогласува со донесување на закон, тоа бара повеќе консултативни средби и покомплексна работа. Во исто време започнавме паралелно да работиме и на Нацрт-Планот за управување на ова заштитено подрачје, а законот, во најкус можен рок, ќе биде исто така објавен за коментирање, по што ќе следат јавните расправи“.
Нацрт-Одлуката е достапна за преземање на веб-страницата на МЖСПП и на неа ќе може да се коментира и преку Електронскиот национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР) до 31 август.