(14.04.2015) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, заедно со вице премиерот задолжен за имплементација на рамковниот договор Муса Џафери и министерите за економија и за локална самоуправа Беким Незири и Лирим Шабани остварија работна средба со д-р Јоаким Трабанд претседател и Јоаким Џозеф Патзелт, извршен директор на канадската корпорација Трафор.
На средбата, беа презентирани достигнувањата на компанијата, можностите и новите методи за финансирање на проекти, како и можностите за остварување на идната соработка.