Министерството за животна средина и просторно плaнирањезапочнува со координативни состаноци за претстојниот билатерален скрининг за Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени, кој ќе се одржи во Брисел, во јули 2023 година. Се работи за многу обемно и законодавство што бара многу средства што опфаќа повеќе сегменти: хоризонтално законодавство, квалитет на воздух, управување со отпад, управување со води, заштита на природа, контрола на индустриско загадување и управување со ризик, хемикалии, цивилна заштита, шумарство, бучава и климатски промени.
На денешниот состанок во присуство на претставници од повеќе институции чии активности се поврзани со Поглавјето 27, се дискутираше за хоризонталното законодавств. Во наредниот период ќе следат состаноци и за останатите области што се под надлежност на Министерството.