(15.11.2019 г.) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на панел-дискусијата за иновациите и нивното влијание врз животната средина, загадување на воздухот и јавните политики во овие области, во рамки на самитот „Македонија 2025“ што деновиве се одржува во Скопје.
Министерот Нуредини во своето излагање се осврна на сите досега превземени стратешки мерки и активности за трајно и долгорочно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, потенцираше дека извршната власт има волја да ги спроведе неопходните промени како функционери избрани од граѓаните тие секогаш мора да носат храбри одлуки, кои можеби не се популарни на краток рок, но долгиорочно ќе доносат здравствен и економски бенефит за сите граѓани.
На оваа панел-дискусија на самитот „Македонија 2025“, покрај министерот Нуредини, учествуваа и Џонас Коивисто, меѓународен консултант за справување со загадување на воздухот од Универзитетот во Хелсинки, Јасминка Јанг аналитичар, истражувач и програмски директор на фондацијата РЕС во Србија, Најџел Јоландс помошник директор на секторот за енергетска ефикасности климатски промени во Нов Зеланд.
На крајот, Министерот Нуредини истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање како и досега останува посветено на својата мисија да обезбеди здрава животна средина, и понатаму ке работиме транспарентно и одговорно пред граѓаните, секогаш отворен за конструктивни критики, сугестии и забелешки кои би ни помогле да бидеме поефикасни и да ја подобриме нашата работа во интерес на сите граѓани.