(25.10.2019 г.) Денеска Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Клеменс Која, на која беа разговарани можностите за соработка помеѓу двете страни.
Со оглед на растечкиот меѓународен тренд на препознавање на состојбата во животната средина како можни закани по безбедноста, мисијата на ОБСЕ во Скопје изрази волја и подготвеност за проширување на своето поле на работа и вклучувањена активности од областа на животната средина во нивните идни проекти.