(29.07.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирањеНасер Нуредини денеска се сретна со амбасадорот на Република УнгаријаЛасло Иштван Дукс придружуван од економскиот советник на Амбасадата Ервин Сел.
На средбата, амбасадорот Дукс ја истакна добрата досегашна соработка и поддршката што Владата на Унгарија и ја дава на државава во областа животната средина и тоа особено во делот на управување со водите и отпадот.
Меѓу другото на средбата се дискутираше за можностите за понатамошно продолжување на соработката во делот за животна средина.
Министерот Нуредини со задоволство ја прифати понудената соработка со уверување дека поддршката со нови проекти ке го подобри животот на граѓаните и на целата држава.