Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини одржа средба со постојаната координаторка на Обединети Нации во Република Северна Македонија Н. Е. Росана Дуџак.
Постојаната координаторка на Обединетите Нации изрази задоволство од можноста за придонес во спроведување на реформите во Република Северна Македонија. Во таа насока е и подготовка на нов програмски документ кој ќе биде во согласност со барањата од ЕУ и Одржливите Развојни цели на Обединети Нации.
Министерот Нуредини изрази почит и благодарност за поддршката од страна на системот на Обединети Нации и ги пренесе своите заложби за продолжување на нашата реформска агенда и што поскор напредок на патот кон реализација на стратешките цели на нашата земја.