(06.09.2019 г.) Во Клубот на пратеници во Скопје во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), се одржа работна средба на првите луѓе на министерството со претставници на граѓанските организации кои делуваат во областа на заштита на животната средина.
На средбата министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заменик министерот Јани Макрадули и државниот секретар во МЖСПП Ана Петровска, отворија дискусија за сите актуелни прашања, приоритети и предизвици во областа животна средина.
Во текот на состанокот претставниците на НВО ја изнесоа загриженоста по однос на заштитата на природата и управувањето на заштитените подрачја, UNESCO и Охридското езеро, хидроенергетските проекти.Голем акцент во дискусијата и се даде на транспарентноста, значајот на достапноста на податоците, изработката на извештаи и подобрување на легислативата. Понатаму, беа нагласени и проблемите по однос на аерозагадувањето, мерните станици и акредитацијата на централната лабораторија, климатските промени, индустриското загадување, управувањето со отпад и инспекцискиот надзор.
Апелираме на тесна и конструктивна соработка со сите главни чинители во сферата на заштита на животната средина, и понатаму охрабруваме на конструктивни критики насочени кон нашата работа кои засигурно ќе ни служат како патоказ за подобрување на истата.
Се залагаме за транспрентност и инклузивност при донесување на одлуки и со задоволство прифаќаме споделување на нови идеи со цел на подобрување на животната средина како целина.