Министерот Нуредини и грчкиот aмбасадор Кундурос разговараа за продлабочување на билатералната соработка од областа на животната средина и борбата против климатските промени

Sredba_Nuredini_Grcki_AmbasadorДенеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини имаше работна средба со амбасадорот на Грција во РСМ, Н. Е. Русос Кундурос.

Притоа, минисерот Нуредини го информираше амбасадорот за бројните можности за соработка во полето заштита на животната средина, како заштита на Преспа Паркот, заеднички мониторинг и управување со хидросистемот на Дојранско Езеро, соработка при имплементирање на плановите за Дримскиот басен, прекугранична соработка и размена на информации за реката Вардар, управување со отпадните води и управување со отпадот.

Амбасадорот Кундурос ги пренесе заложбите на грчката влада за поддршка на Република Северна Македонија во евроинтегративниот процес, подготвеноста за пренесување искуства и градење партнерства при аплицирање и искористување на фондовите и Програмите на ЕУ.

– Република Грција останува наш стратешки партнер за развивање на регионалната соработка при заштита на животната средина и борбата против климатските промени – заклучија двајцата соговорници.