Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денес 05.01.2015 година во просториите на министерството оствари работна средба со Заменик на Председателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковен договор Г-дин Муса Џафери. На средбата се разменија мислења за напредокот во областа на заштитата на животната средина како и текот на реализацијата на проектите финансирани од Владата на Р.Македонија кои се однесуваат на водоснабдителните и колекторските системи како и за други инфраструктурни проекти.
Министерот Изаири оствари работна средба со Заменик на Председателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковен договор Г-дин Муса Џафери
јануари 05, 2015