(20.09.2016г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска, оствари прва работна средба со aмбасадорот на Република Италија во Р.Македонија, Н.Е Карло Ромео.
На средбата се дискутираше за позитивните резултати што произлегоа од досегашнатаодлична соработка меѓу двете држави на полето на животната средина, а посебен акцент беше ставен на можностите за заедничка реализација на низа проекти од областа на управување со водните ресурси и природата.
Амбасадорот Ромео истакна дека еден од приоритетите ќе му биде животната средина како и помош при интегративните процеси за приближување на Р. Македонија кон Европската Унија.
Министерот Амети изрази уверување дека оваа средба ќе биде одличен почеток на добра и продлабочена соработка.