Министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова денеска имаше средба со претставници од Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија – АДКОМ.
На состанокот се дискутираше за долговите што јавните комунални претпријатија ги имаат по основ на надоместокот за користење на вода и надоместокот за испуштање на вода, согласно Законот за води, а се разговараше и за формирање на Работна група каде ќе членуваат претставници од МЖСПП, АДКОМ, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) и Министерството за финансии. Работната група ќе овозможи подобра координација и изнаоѓање решенија за овие проблеми.
Дополнително, министерката Шукова изрази подготвеност за поддршка на АДКОМ во организирањето на 11-тата Меѓународна конференција „Комуналните услуги во паметните градови“ која ќе се одржи на 18-19 октомври, 2023 година во Скопје.
Исто така, се разговараше и за поинтензивно вклучување АДКОМ во релизирање на активности на Министерството во делот на комуналните дајности, согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу АДКОМ и МЖСПП.