МЖСПП: Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Струмица

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 µg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во Струмица.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерното место каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Струмица

05/02/2024

165.83

06/02/2024

155.00

 

*концентрациите се изразени во µg/m3

За градот Струмица стапуваатна сила препораки и мерки согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година.