Активната заштита на биолошката разновидност бара добра прекугранична соработка. Ова беше целта за еднодневната работилница за биодиверзитет во Западен Балкан и Турција, која се одржа денес во Брисел каде заменик министерот за животна срдина и просторно планирање Јани Макрадули, имаше свое излагање.
Целта на оваа работилница беше да се разговара за адресирање на приоритетот на регионалната соработка во областа на биолошката разновидност, како на полититичко така и на техничкото ниво.
Во својата презентација, говорејќи за прогресот во делот за заштита на природата и регионалната соработка на Република Северна Македонија, заменик министерот ги истакна донесувањето на двете национални стратегии и тоа: Национална стратегија за биолошка разновидност со Акциски план за период 2018-2023 и Национална стратегија за заштита на природа со Акционен План (2017-2027), нагласувајќи ги новите перспективи во областа, преку интензивираната работа во поставувањето на екосистемски услуги и Nature based решенија.
„Среќен сум што можам да ја споделам огромната поддршка од DG NEAR и DG ENV за потврда на европските перспективи и почетокот на преговори на Северна Македонија со ЕУ,“ кажа Макрадули.
Работилницата беше организирана во рамки на ЕППА проектот финансиран од ЕУ и истиот овозможи размена на искуства од експертите и државите од Западен Балкан и ЕУ, каде беа презентирани досегашните искуства и опциите за зајакнување на националното дејствување и регионалната соработка во областа на биолошката разновидност во регионот. Работилницата дополнително ќе го поддржи спроведувањето на елементите за биодиверзитет на Европската зелена агенда во Западен Балкан и Турција.