На 4-ти и 5-ти септември 2017 година, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, учествуваше на првиот работен состанок на Енергетската заедница. На состанокот за прв пат, во рамки на енергетската заедница, формирана е Група на високо ниво за климатски акции. Целта на групата е креирање платформа за интегрирано делување на министерствата за економија и заштита на животна средина.
Платформата ќе постави цели и мерки како истите да се достигнат во доменот на обврските од Парискиот договор.
На состанокот беа поздравени активностите на Министерството за животна средина и просторно планирање во процесот на ратификација на Парискиот договор и најавата за започнување на изработка на долгорочна стратегија за климатска акција, во рамки на која ќе биде изработен Закон за климатска акција.