(18.12.2015г.) Денеска, во Атина беа одржани Третите експертски консултации помеѓу Република Македонија и Република Грција, во Специјалниот Секретаријат за води во рамките на Министерството за животна средина, енергетика и климатски промени. Македонската страна беше претставена од Министерството за животна средина и просторно планирање.
За време на билатералната средба двете делегации повторно изразија волја за меѓусебна соработка во областа на заштитата на животната средина во меѓуграничните подрачја, како и подрачјата за управување со речни сливови кои ги зафаќаат териториите на двете земји. Во фокусот на консултациите се најдоа речниот слив на реката Вардар и Дојранското Езеро, при што беа разгледани можностите за заедничко учество и настап пред ЕУ фондовите за финасирање на проекти од секторите за заштита на водите и унапредување на природното наследство.
Исто така, беше разговарано за размена на податоци и информации од областа на биодиверзитетот.