Соња Лепиткова, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање и градоначалникот на о. Кочани, Ратко Димитровски ја поддржаа 14-тата акција „Ден на дрвото-засадија својата иднина“ која годинава се реализираше под мотото „Стоп за катастрофите“.
Тие, заедно со локалните жители, засадија садници во дворот на противпожарниот дом во Кочани.