Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, денеска го отвори консултативниот состанок на Комисијата за брани при Министерството за животна средина и просторно плaнирање со претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и АД Водостопанство на РСМ. Целта на состанокот беше консултации помеѓу засегнатите страни во врска со управувањето на браните со придружните објекти и најоптималните начини за обезбедување на финансиски средства за изработка на техничка документација за санација на приоритетните брани.
Заменик министерката Оџаклиеска отворајќи го состанокот укажа на важноста на работата на оваа Комисија и ги повика членовите да подготват Извештај со заклучоци за неопходните мерки и чекори кои треба да се превземат за системско и одржливо решавање на моменталната состојба со браните во РСМ.