И З В Е С Т У В А Њ Е за изработка на подзаконски акт од областа на водите

Во рамките на Проектот „Разбистри се“ кој се спроведува од Институт за комуникациски студии – ИКС,  беше изработен и доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање, нацрт текст на Правилник за методологијата и постапката за определување на параметрите за мерење и мониторинг на квалитетот и квантитетот на сите водни тела, освен за водните тела дефинирани во членовите 148 од Законот за водите.

 

Наведениот подзаконски акт се носи согласно член 147 став (4) од Законот за водите („Службен весник на Република Македонија“ бр.87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13, 180/14, 154/15, 52/16  и „Службен весника на Република Северна Македонија“ бр.151/21).

 

Со цел вклучување на јавноста во подготовката на подзаконскиот акт, Министерството за животна средина и просторно планирање на својата веб страна го објавува текстот на нацрт правилникот заради добивање на забелешки и мислења по истиот од јавноста и од засегнатите институции.

 

Засегнати страни:

  • Органи на државна управа :

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Министерство за локална самоуправа;

Управа за хидрометеоролошки работи.

  • Единици на локална самоуправа:

ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа).

  • Јавни претпријатија и установи:

ЈНУ Хидробиолошки Завод.

  • Научни институции

Институт за биологија и Институт за хемија при Природно-математички факултет, Скопје;

Универзитет Гоце Делчев, Штип.

  • Државен универзитет, Тетово
  • Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.

Начин на вклучување на засегната јавност:

објава на нацрт – актот на веб страницата на МЖСПП;

– барање на мислења и одржување на состаноци со засегнати страни.

 

Вашите забелешки, коментари и мислења по наведените подзаконски акти може да ги доставите најдоцна до 20.11.2021 година писмено до архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, адреса Плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје или електронски на: dandonov@vs.edu.mk

Засегнатите страни електронската верзија на нацрт текстот на подзаконскиот акт можат да ја преземат на следната адреса: www.moepp.gov.mk.

 

Pravilnik_metodologija