Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дефинирани како „Производител” дека од 1 јануари 2023 година стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Овој закон важи за производителите на текстил, гуми, масла и возила, заедно со нивните вградени делови и материјали, како и вградените резервни и заменски делови, независно дали се вградуваат во возилото при техничка проверка, сервисирање или поправка, дали деловите се обезбедени од оригиналниот производител или од некој друг производител, како и употребувани производи и отпад од текстил, гуми, масла и возила.
Со тоа, обврска на производителите е да се регистрираат согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. весник на РСМ“ бр.215/2021) со пополнување на обрасците за регистрација (на македонски јазик и двојазично, МК и АЛБ, на следниот линк: www.moepp.gov.mk/Национално законодавство/ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД/ПОДЗАКОНСКИ АКТ.
Производителите согласно со обврските од овој Закон, се должни да се здружат преку основање и/или склучување на договор со колективен постапувач или да обезбедат дозвола за самостојни постапувачи најдоцна до 31 декември 2023 година.
Во Законот за управување со дополнителни посебни текови на отпад е вклучено секое правно лице или физичко лице кое без оглед на начинот на којшто врши продажба, вклучувајќи ја и продажбата со помош на комуникација на далечина која е уредена со прописите за заштита на потрошувачите, и тоа правни и физички лица коишто произведуваат производи и за прв пат ги пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија или на професионална основа, заради вршење на својата дејност, увезуваат во Република Северна Македонија и прв пат ги пуштаат на пазарот или како краен корисник, за свои потреби, увезуваат производи или на професионална основа увезуваат употребувани производи и за прв пат ги пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија.
Овој закон се однесува и за правните лица основани во друга земја, а коишто продаваат со помош на комуникација на далечина директно на крајните корисници во Република Северна Македонија.
Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дека за „производител“ се смета и правно лице кое протектира отпадни гуми и ги пушта на пазарот во Република Северна Македонија.
Со поднесеното барање од Прилог 1 се поднесува и:
- копие од Тековната Сметка издадена од Централен Регистар на Република Сверна
Македонија,
- уплатница од 50 денари за административна такса (за секое поднесено барање за регистрација),
Жиро сметките може да се превземат од следниот линк:
www.moepp.gov.mk / Сервиси / Жиро сметки/Жиро сметка за административна такса за барање за регистрација на производителите