Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Тргодвско друштво за ископ на руди, производтсво на метали, трговија и услуги “ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ ДОО од Кавадарци, достави известување за намера за изведување на проект: “Инсталирање на постојка за производство на електрична енергија во ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ“ во општина Кавадарци, барање за утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина и листа на проверка за определување на обемот на оцена на влијанието на проектот врз животната средина.
Целта на проектот е производтсво на сопствена електрична енергијаа како бекап во услови на енергетска криза. Со проектот се предвидува инсталирање на постојка за производство на електрична енергија со помош на генератори. Постојката се состои од поставување на 12 генератори поставени во посебни контејнери, при што секој од нив содржи мотор, генератор со моќност од 3,5 MW, систем за третман на издувни гасови, електро опрема и систем за автоматска контрола. Од 12 генератори предвидено е 10 од нив да работаат, а додека 2 да бидат резерва во случај на дефект на некој од работните. Вкупната инсталирана моќност на постројката изнесува 42 MW, од кои 35MW се работни а 7MW се како резерва. Овој проект планирано е да се реализира во границите на постоечката фабрика. Како гориво за генераторите ќе се користи нискосулфурен мазут, а истите може да работат на дизел и на гас кога истиот ќе биде достапен.
Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целосното известување за намера за изведување на проектот: Инсталирање на постојка за производство на електрична енергија во ЕУРОНИКЕЛ ИНДУСТРИ, може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање –www.moepp.gov.mk
Контакт лица:
“Еуроникел Индустри“ ДОО од Кавадарци
седиште на с. Возарци 1430 Кавадарци
Виктор Трајков тел:+389 43 421 440 ; е-маил:viktor.trajkov@euronickel.com
Управа за животна средина
Министерство за животна средина и просторно планирање
по пошта на адреса: Плоштад “Пресвета Богородица“ бр.3, 1000 Скопје