(01.07.2015) Денеска, на барање на француската амбасада, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири даде интервју на Ив Лерс, истакнат француски новинар експерт за прашања од областа на животната средина. Интервјуто е во рамки на подготовителните активности за претстоечката Светска конференција за климатски промени која ќе се одржи во Париз, кон крајот на годината. Во тој контекст министерот Изаири зборуваше за предлогот за националниот придонес за климатски промени, но и за останатите активности од доменот на работата на Министерството.
Интервју на министерот Изаири со Ив Лерс
јули 02, 2015