Интензивна реализација на Програмата за инвестирање во животната средина за 2015

1(20.05.2015г.) Во текот на последнава недела Министерството за животна средина и просторно планирање интензивно работи на реализирање на Програмата за инвестирање во животната средина и Конкурсот за распределба на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа животна средина за 2015 година.

Во тој контекс, во просториите на Министерството, министерот Нурхан Изаири денес потпиша договори со:

–        градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски за проектот „Основен проект за линиска инфраструктурна градба за атмосферска канализација о.Новаци – с. Далбеговци-крак 1“,

–        градоначалникот на општина Зелениково, Веле Груевски за проектот „Проширување на фекална канализација во с. Зелениково“

–        градоначалникот на општина Пласница, Исмаил Јахоски, за проект „Изработка на техничка документација (проектирање и ревизија) за реконструкција на водоводна мрежа во н.м. Пласница и н.м. Преглово“ ,

–        градоначалникот на општина Кривогаштани, Тони Заткоски за проектот „Изработка на техничка документација за изградба на канлизациона мрежа и пречистителна станица во населените места Бела Црква и Воѓани“,

–        градоначалникот наопштина Велес, Славчо Чадиев за проектот „Изградба на водоснабдителен систем на н.м. Новачани, о.Велес“,

–        градоначалникот на општина Богданци, Анастасија Олумчева за проектот „Изработка на комплетна техничка документација за изградба на (анаеробни) пречистителни станици за населените места Стојково и Ѓавато“,

–        градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов за проектот „Изработка на техничка документација за регулација на речно корито на р. Сушица, Радовиш“,

–        градоначалникот на општина Василево, Ванчо Стојанов за проектот „Изработка на техничка документација за систем за водоснабдување на с. Пиперово“,

–        градоначалникот на општина Долнени, Боше Милошески за проектот „Партерно уредување и заштита на природен извор за вода- IIФаза во н.м. Дебреште“,

–        градоначалникот на општина Конче, Благој Јованов за проктот „Изработка на техничка документација за фекална канализација и пречистителна станица за отпадни води за Сончева езерска населба, езеро Мантово, о. Конче“ и со

–        градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари за проектот „Водоснабдителен систем во с. Колари“.