Врз основа на Закон за заштита на природата Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со општина Ресен на 23 јануари 2024 година организираат Јавна расправа за заинтересираната јавност по однос на Нацрт-Планот за управување со споменикот на природа (СП) Преспанско Езеро за период 2024-2033 година. Јавната расправа ќе се одржи во просториите на општина Ресен со почеток во 12 часот.
Нацрт-план за управување со СП Преспанско Езеро за периодот 2024-2033 е достапен за увидна веб страницата на Министерството на следниот линк:
https://arhiva.moepp.gov.mk/wp-content/uploads/2023/12/НАЦРТ ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ со СП ПЕ 2023-2032.docx
Вашите забелешки или предлози може да гидоставите на јавната расправа или во рок од 10 дена од одржувањето на истата, а најдоцна до 6 февруари 2024 година на следните контакт адреси:
Општина Ресен, Плоштад Цар Самоил бр.20 е-маил:
cabinet.gradonacalnik@resen.gov.mk и ajman.almalla@resen.gov.mk како и копија до Министерство за животна средина и просторно планирањеплоштад ПресветаБогородица бр.3 Скопје, е-маил infoeko@moepp.gov.mk