Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на онлајн јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: Ветерен парк “ПЕТРОВО“ во општина Гевгелија.
Заради неможноста да се спроведе со физичко присуство, Јавната расправа ќе се одржи на Microsoft Teams електронската платформа на
-26 април 2021 година (понеделник) во 11.00 часот за заинтересираната јавност од општина Гевгелија.
Заинтерeсираната јавност може да се вклучи на следниот линк:
Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на Проектот: Ветерен парк Петрово во општина Гевгелија e доставена од страна на инвеститорот ПЕРА ЕНЕРЏИ ДОО од Скопје
до Министерството за животна средина и просторно планирање и и истата е достапна за увид на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk)
Контакт :
infoeko@moepp.gov.mk , по пошта на адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање, плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје, или на отворените телефони на Архус Центарот: 070 666 230; 076 319 503 и 076 319 501.