ИЗВЕСТУВАЊЕ

Отворањето на доставените понуди во врска со Јавниот повик за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 35 мали хидроелектрични централи ќе се одржи на 27 јуни 2016 година во 11 часот, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Кеј „Димитар Влахов“ бр. 4, Скопје (поранешна Комерцијална банка, позади Хотел Стоун Бриџ), во Голема сала.

 

Комисија за спроведување на подготвување, организирање и спроведување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи