Почитувани,
Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 μg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Скопје – Центар и Лисиче, Кичево, Кавадарци и Струмица.
Поради проблеми со мрежните системи на МЖСПП и инсталација на нова серверска опрема не ни се достапни податоци од мерните места: Тетово и Гевгелија.
Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерните места каде има појава на надминување на праг на алармирање.
Центар | Лисиче | Кичево | Кавадарци | Струмица | |
22.12.2022 | 160.34 | 189.94 | 178.04 | 155.28 | 188.51 |
23.12.2022 | 248.51 | 259.01 | 171.13 | 154.80 | 244.12 |
*концентрациите се изразени во μg/m3
Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје и до сите општини за епизодата на алармантно загадување на воздухот.
Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Градот Скопје, Кичево, Кавадарци и Струмица стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање.