На третата по ред тематска средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со претставниците на граѓанските здруженија, која денес се одржа во просториите на МЖСПП, тема на дискусија беше заштитата водите и управување со водните ресурси во државата.
Темата предизика виден интерес кај присутните и резултираше со плодна повеќечасовна дискусија во рамки на која не само што се разменија корисни информации за тековните и планираните активности во областа и за приоритетите на Министерството во наредниот период, туку и за можните начини на продлабочување на взаемната соработка. Од страна на невладиниот сектор беа посочени областите за кои недостигаат достапни и обновени информации и беа споделени идеи и предлог решенија за кои е неопходно потребна добра синергија и соработка помеѓу граѓанскиот сектор и државните институции. Од двете страни беше изразена потребата од одржување на почести конструктивни состаноци на кои ќе се дискутита на конкретни теми и задачи со што ќе се придонесе за побрза и попродуктивна реализација на зацртаните приоритети.