(17.07.2019г.) Во Националниот парк „Галичица“’почна изградба на репродуктивен центар за елени. Центарот со големина од стотина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура какоп карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.
Проектот вреден 340 илјади евра се реализира во рамки на Програмата на Европската Унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“ вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмара за развој на Обединетите Нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Националниот парк „Галичица“ во рамки на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинаските тревести еко-системи со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сускцесија.