Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, замeник министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу и советникот за животна средина и просторно планирање, Драган Јованов, ја посетија локацијата каде се гради фабриката за рециклажа на стари гуми (RWM Rubber waste management) во општина Желино.
Фабриката за рециклажа на гуми ќе биде единствена од ваков вид на Балканот, а предвидено е во овој погон да се вработат околу 400 луѓе. Бенефитот од рециклажата на гумите е производство на смеса која може се користи и за изградба на автопатишта, пешачки патеки, спортски игралишта и слично.
Објектот е со големина од 4500 м2, а е лоциран е во индустриската зона на о. Желино. Во склоп на оваа фабрика планирано е да се изградат уште две фабрики со различно производство.